Трамп сака утре прво да има средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери
Претседателот на САД Доналд Трамп, утре во Вашингтон прво ќе има средба само со украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека европските претставници потоа ќе присуствуваат на работен ручек и продолжение од разговорите, наведува германскиот весник Билд, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Во делегацијата на европските „тешкаши“ покрај германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе бидат и францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, финскиот претседател Александар Стаб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Причината за посетата е потенцијалното постигнување мировен договор меѓу Украина и Русија.
Целта на разговорот во Вашингтон во понеделникот меѓу американскиот претседател Доланд Трамп и украинскиот челник Володимир Зеленски е да се претстави единствен фронт за Украина и нејзините европски сојузници, рече претседателот на Франција Емануел Макрон.
-Ако денеска покажеме слабост пред Русија, поставуваме темел за идни конфликти, изјави тој после видео-конференцијата на коалицијата.
Тој додаде дека сојузниците на Киев на состанокот се заложиле за силен и траен мир во Украина и да се почитува територијалниот интегритет на Украина.
-Не може да има територијална расправа за Украина без Украинци, а исто така нема разговор за сигурноста на Европејците без нив, додаде Макрон барајќи да бидат повикани на идните самити за Украина.
-Утре одиме во Вашингтон не само да бидеме со украинскиот претседател, туку одиме таму да ги браниме интересите на Европејците. Мислам ли дека Путин сака мир? Ако мене ме прашувате, не. Тој сака капитулација на Украина и тоа е тоа што го предложи, рече францускиот шеф на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака утре прво да има средба…
Претседателот на САД Доналд Трамп, утре во…
Пожарникарите во Црна Гора плачат од среќа…
Ситуацијата во Црна Гора се смири по…
Захарова: Макрон лаже
Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека…
Тошковски апелира: Не наседнувајте на лажни повици…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во…
Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација…
Целта на разговорите во Вашингтон во понеделник…