Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство
Одбојкарската репрезентација на Македонија, како една од петте второпласирани селекции избори пласман на Европското првенство наредната година. Во последното коло, Македонија ја победи Грузија со 3:0 (25:13, 25:16, 25:17).
Македонија мораше да ја победи Грузија во три сета и да не загуби повеќе од 68 поени. Поради тоа македонските одбојкари максимално сериозно му пристапија на натпреварот. Експресно го добија првиот сет, во ист ритам продолжија и во вториот.
Мало опуптање следеше во третиот сет кога Грузија водеше 9:11, но тогаш се појави Ѓеорѓиев со серија добри сервиси, Македонија се одлепи на 18:12 и рутински го заклучи сетот.
Македонија во 2026 година четврти пат во историјата ќе учествува на Европско првенство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство
Одбојкарската репрезентација на Македонија, како една од…
Полициските хеликоптери фрлија 45 тони вода врз…
Полицискиот хеликоптер фрли повеќе од 45 тони…
Јасен продолжува да гори, до 21 часот,…
До 21:00 часот низ земјава евидентирани се…
Зеленски: Ова е историска одлука
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се осврна на…
ЈСП-Скопје: Жичницата на Водно е безбедна, во…
Безбедноста на жичницата на Водно е по…