Русија ги продолжи нападите врз Украина, во Харков загинаа четворица – меѓу кои и едногодишно дете
Три лица, меѓу кои и едногодишно дете, загинаа утрово во руски напад со беспилотни летала врз Харков, а 17 лица се повредени, изјави градоначалникот Игор Терехов.
„За жал, пронајдено е телото на уште едно лице кое беше убиено од непријателски „шахед“. Загинаа вкупно три лица, меѓу кои и едно мало дете“, напиша Терехов на Телеграм, пренесува Укринформ.
Началникот на Харковската регионална воена администрација (ОВА), Олег Синегубов, во објава на Телеграм изјави дека „во овој момент, лекарите им помагаат на уште едно шестгодишно девојче и една жена (42)“.
-Бројот на жртвите од утринскиот напад врз Харков постојано се зголемува, рече Синегубов.
Харков утринава беше цел на напад со дроновите „шахед“, а по нападот избувнаа пожари во Индустриската зона на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Погодени ирански танкери, еден потона: Иран…
Американската војска погоди пет ирански танкери, потонувајќи…
Сикорски: Подемот на АфД би можел да…
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…
Јанша ја врти Словенија кон Израел
Додека односите меѓу поголемиот дел од Европа…
ЕУ предупредува на нова закана: Млади се…
Европските безбедносни служби се соочуваат со нов…
AfD со 44 отсто во Саксонија-Анхалт: Затворање…
Германија е соочена со нов политички потрес…