Габриела Илиевска независен кандидат за градоначалник на Битола

t

Габриела Илиевска утрово соопшти дека влегува во трката за градоначалник на Битола како независен кандидат. Во јавната објава таа ги повика сите битолчани, без разлика на политичка припадност или досегашно изборно учество, да се приклучат кон нејзината иницијатива за, како што нагласи, „поубава, почиста, непартиска и независна Битола“.

Илиевска порача дека не располага со финансиски средства за голема кампања, маркетинг или набљудувачи, но потенцираше дека има „храброст, знаење, интегритет и чесност“ за да се спротивстави на политиките кои, според неа, го запоставиле градот повеќе од три децении.

„Време е сите заедно да си ја вратиме Битола, без уцени за работни места, тендери или директори. Првпат Битола ќе има шанса да одлучи кој ќе ја води во следните четири години“, порача таа.

Илиевска најави формирање фронт против „партиското уништување на градот“ и порача дека нејзината цел е Битола да стане град на граѓаните. „Еден за сите, сите за Битола! И ќе победиме“, заврши таа во својот статус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Габриела Илиевска независен кандидат за градоначалник на…

Габриела Илиевска утрово соопшти дека влегува во…

Русија ги продолжи нападите врз Украина, во…

Три лица, меѓу кои и едногодишно дете,…

„Полицијата да се сети на заклетвата“ –…

Демонстранти вчера се собраа пред зградата на…

ДИК пресече: Доволни се 2 потписа за…

На денешната 129-та седница, Државната изборна комисија…

Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод…

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот…