Објавено на:

Од САД излегоа информации: Бидете подготвени за состанок Трамп – Путин – Зеленски во Европа

t

Европските дипломати наводно добиле инструкции од нивните американски колеги да бидат во состојба на готовност за евентуална трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин, што би можела да се одржи подоцна оваа недела, во зависност од исходот од денешните разговори, дознава „Скај њуз“.

Според договорот меѓу американските и европските сојузници, состанокот треба да се одржи на европско тло, освен ако не дојде до ненадејни промени во последен момент.

За време на видео повик на „коалицијата на добронамерните“ одржав минатиот викенд, италијанската премиерка Џорџија Мелони го предложи Рим како локација, додека претседателот на Франција, Емануел Макрон ја предложи Женева.

Како што е неофицијално објавено, украинскиот претседател Зеленски и американскиот Трамп го претпочитаат Рим, додека рускиот претседател Путин е наклонет кон Женева.

МНР на Италија и на Швајцарија изразија подготвеност за организирање на оваа средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…