Фрлил молотов коктел врз „Куќата на цвеќето“ каде почива Тито
Белградската полиција го уапси Г. М. (55) под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, дознава Telegraf.rs.
Мажот е уапсен по интервенцијата на полицијата. По наредба на обвинителството му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот на 25 мај, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Неофицијално, пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето.
Според Telegraf.rs, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека во Музејот пред зградата дошол маж, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Тој се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Telegraf. Неофицијално, дознале дека за време на апсењето човекот рекол дека сакал да го запали „усташкото дувло“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фрлил молотов коктел врз „Куќата на цвеќето“…
Белградската полиција го уапси Г. М. (55)…
И покрај загубите, генерал Сирски испраќа војници…
Врховниот командант на вооружените сили на Украина,…
Амнести Интернешнл: Израел спроведува кампања за намерно…
Невладината организација Амнести Интернешнл денеска објави дека…
Од САД излегоа информации: Бидете подготвени за…
Европските дипломати наводно добиле инструкции од нивните…
По сечењето на шумата, Љубојно се поплави…
Силно невреме го поплави селото Љубојно каде…