Сообраќајка меѓу две коли и автобус – три деца тешко повредени
Тројца малолетници – девојче од 9 години од Турција, 13-годишно момче од Скопје и 11-годишно дете од кичевското село Стрелци – се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево–Гостивар кај селото Длапкин Дол. Во несреќата повредени се и 44-годишен патник од Турција и 46-годишна жена од Скопје, соопшти МВР.
Несреќата се случила меѓу патничко возило „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 44-годишниот К.К. од селото Стрелци, патничко возило „Форд“ со скопски регистарски таблички управувано од 47-годишниот К.П. од Скопје и автобус „Сетра“ со скопски регистарски ознаки што го управувал 39-годишниот А.Ј. од Скопје.
Покрај девојчето кое е тешко повредено, во несреќата со телесни повреди се здобиле уште четворица патници: 44-годишниот Ф.А.Д. од Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишно момче од Скопје и 46-годишната И.П. од Скопје – сопатници во „Фордот“, како и 11-годишно дете од селото Стрелци, кичевско, сопатник во „Ауди“-то.
Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево, каде што им биле констатирани повредите.
Од МВР информираат дека за случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајка меѓу две коли и автобус –…
Тројца малолетници – девојче од 9 години…
Вучиќ се заканува, има намера да се…
„По антивладините протести во Србија, претседателот Александар…
Стотици илјади луѓе се собраа во Тел…
Стотици илјади луѓе вчера се собраа во…
Поевтинуваат горивата од полноќ – ова се…
Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата…
Сијарто: Снабдувањето со руска сурова нафта за…
Снабдувањето со руска сурова нафта за Унгарија…