Академски пленум: Брнабиќ да ги докаже обвинувањата за саботажа или да биде притворена
Академскиот пленум на Србија остро ja осудува денешнaта изјава на претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, во која таа ја опиша трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, како „планирана саботажа“.
Оттаму велат дека ваквите тврдења, изнесени без ниту еден доказ, претставуваат јавна тревога и ширење паника.
„Затоа го повикуваме надлежното обвинителство итно да ја повика г-ѓа Брнабиќ да презентира докази за нејзините тврдења. Доколку такви докази не постојат, очекуваме дека таа да биде притворена, согласно законот, за ширење паника и дестабилизација на општеството“ се вели во реакцијата.
Брнабиќ во својата изјава го споменува и советодавниот референдум за претседателот Александар Вучиќ.
„Ја потсетуваме јавноста дека претседателот на Република Србија нема извршни овластувања во системот на владеење, туку само церемонијални овластувања утврдени со Уставот. Затоа, јасно е дека барањето за предвремени парламентарни избори е единствениот демократски и уставен начин да се овозможи ослободување на сите три гранки на власта од партиска контрола“ велат од Академскиот пленум.
Студентите и академската заедница остануваат доследни во својот став: предвремените парламентарни избори се неопходен чекор кон враќање на довербата во институциите, заштита на граѓаните и зајакнување на демократските процеси во Србија.
Според Брнабиќ, настрешницата на железничката станица во Нови Сад била намерно срушена за да се означи почетокот на „шарената револуција“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еврото падна на најниско ниво во 17…
Француската должничка и политичка криза почнува директно…
„Тинекс“ со нов сопственик по повеќе од…
По повеќе од три децении под домашна…
Црна прогноза за Волстрит: S&P 500 може…
Една од најпесимистичките прогнози за американската берза…
ВМРО ДПМНЕ: Филипче е против корупција само…
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ/Интегрално: Случајот со Славјанка…
Естонија ги преместува војниците поблиску до руската…
Естонија преместува клучна бригада од градот Тапа…