Блокадата на евроинтеграциите добива карактер на сериозен безбедносен ризик, рече претседателката на денот на Армијата
На Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова, истакна дека денеска се одбележуваат 33 години од основањето на македонската Армија.
„Браник на македонскиот територијален интегритет и независност и важен мировен гарант“, нагласи Давкова.
Претседателката потенцираше дека блокадата на евроинтеграциите создава сериозен безбедносен ризик, како за регионот на Западен Балкан, така и за ЕУ.
„Природата на војната рапидно се менува, напредните технологии галопираат, незамисливи оружја парадираат, вештачката интелигенција се аплицира, а нуклеарната војна понекогаш како да се надвиснува над светот“, додаде таа.
Инаку, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, истакна дека македонската Армија денеска слави „33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните“.
Свеченоста се одржа со учество на припадници на Армијата и официјални лица, а програмата вклучуваше и парадни активности и презентација на способности на македонските војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…