Европскиот фронт се ребрендира: На локалните избори ќе настапи под новото име „Национална алијанса за интеграција“
Европскиот фронт ќе настапи на локалните избори закажани за 19 октомври под новото име и логото Национална алијанса за интеграција (НАИ), соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот Фејсбук профил.
Ахмети истакна дека, и покрај тешките времиња и намалената почит кон Албанците од страна на актуелната власт, ДУИ останува посветена на европската интеграција.
„Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да се застапуваат едни за други, но и меѓу сите оние кои не се откажуваат лесно и кои веруваат дека можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца. Како што се обединуваме, да не ги заборавиме лекциите од горчливото минато и секогаш имајте на ум дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство. Ова е заветот на победа, вера и европска интеграција. Здружувањето е наша порака: само заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, порача Ахмети.
Како резултат на предизборните промени, Демократската партија на Турците ќе настапи самостојно, додека ДПА на Мендух Тачи нема да учествува со листи за градоначалници и за советници на локалните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европскиот фронт се ребрендира: На локалните избори…
Европскиот фронт ќе настапи на локалните избори…
Левица бара „фараонскиот мандат“ на Марјан Цветковски…
По повеќе од една деценија конечно во…
Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64…
Србија е европската земја која стои зад…
Шумски пожари ја пустошат Шпанија, илјадници луѓе…
Шумски пожари беснеат низ северозападна Шпанија, а…
Блокадата на евроинтеграциите добива карактер на сериозен…
На Централната свеченост по повод 18 Август –…