Синоќа уапсени 16 демонстранти на протестите во Белград
Досега, 16 студенти се уапсени во протестите во Белград, за време на кои беа нападнати просториите на Општинскиот одбор на Српската напредна партија Палилула, дознава Танјуг од Министерството за внатрешни работи.
Претходно, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во Белград имало „вкупно 2.300 до 2.400 блокатори кои драстично го нарушиле јавниот ред и мир“ и „со својата агресивност покажале дека имаат намера да ги урнат, запалат просториите на СНС и да ја нападнат полицијата“. Протестни собири беа организирани и синоќа во неколку градови во Србија. Група демонстранти ги демолираа просториите на СНС на улицата Цвијиќева во Белград со камења.
После тоа, се појави возило со припадници на жандармеријата, кои ги потиснаа демонстрантите. Демонстрантите се собраа и во Нов Белград, каде што беа на протестна прошетка. Српскиот претседател и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ, ги посети нападнатите партиски простории на улицата Цвијиќева. Вучиќ рече дека овие настани покажуваат дека „блокаторите немаат план, немаат идеја, немаат програма“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синоќа уапсени 16 демонстранти на протестите во…
Досега, 16 студенти се уапсени во протестите…
Денеска се празнува Преображение на Господ Исус…
Третата година од Својата проповед на земјата…
Се подготвува средба Путин-Зеленски
Средбата во Белата куќа меѓу Трамп и…
Еве какво време не очекува денес
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе…
Средбата меѓу Трамп и европските лидери е…
Продолжената средба на американскиот претседател Доналд Трамп…