Рубио: Веќе не и поклонуваме оружје на Украина – сега и продаваме
САД повеќе не ѝ даваат оружје на Украина, туку го продаваат, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
„Ние повеќе не ѝ даваме оружје на Украина. Повеќе не ѝ даваме пари на Украина. Сега им продаваме оружје, а европските земји плаќаат за нив преку НАТО“, рече тој во интервју за Фокс њуз по разговорите во Белата куќа. Според него, САД соработуваат со европските сојузници и земјите надвор од Европа за гаранции за безбедноста на Украина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се сретна со европските лидери и Володимир Зеленски во Белата куќа во понеделник, со кого разговараше за безбедносните гаранции за Украина. Трамп, исто така, најави разговори за можна размена на територии. По состанокот, Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин и го информираше за резултатите од разговорите во Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Веќе не и поклонуваме оружје на…
САД повеќе не ѝ даваат оружје на…
Муцунски на средба со украинската амбасадорка Дир:…
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, информираше…
Утрово студенти и граѓани ја блокираа зградата…
Студентите во блокада на факултетите на Универзитетот…
Во кичевско Зајас, пронајдени оружје и муниција…
На 18.08.2025 околу 23:10 часот во с.Зајас,…
Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе…
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател…