Објавено на:

Кипар испрати 1.200 тони хуманитарна помош во Газа

t

Министерството за надворешни работи на Кипар објави дека испратило 1.200 тони хуманитарна помош за Газа, како дел од проектот „Амалтеја“ .

„Република Кипар продолжува со спроведувањето на иницијативата „План Амалтеја“ за да придонесе во решавањето на хуманитарната криза во Газа“, се наведува во соопштението.

Мисијата, како што се наведува, е во рамките на механизмот ОН-2720 и УНОПС, а конечен изведувач и дистрибутер е меѓународната хуманитарна организација „Светска централна кујна“, додека целиот проект е под покровителство на механизмот за испорака на ОН.

Товарот ќе транзитира низ пристаништето Ашдод, без дополнителни безбедносни проверки на местото на пристигнување, за дистрибуција во Газа врз основа на договорените аранжмани.

„Помошта, која вклучува прехранбени производи, особено за задоволување на нутритивните потреби на децата, доаѓа од Кипар (700 тони) преку агенцијата CyprusAid при Министерството за надворешни работи, додека 500 тони се донација од Владата на Малта, како и од меѓународни хуманитарни организации со седиште во САД, Италија, Малтешкиот ред и Кувајт“, наведува кипарското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека во целиот напор „придонесот на Владата на Обединетите Арапски Емирати е секогаш клучен“.

Република Кипар изразува благодарност до сите држави и засегнати страни вклучени во овој колективен напор, кој се спроведува со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право и основата за функционирање на субјектите во рамките на ОН.

Никозија, исто така, наведува дека инфраструктурата на Кипар за собирање, безбедна инспекција и испраќање на помош е на располагање на меѓународната заедница како дополнителен хуманитарен коридор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кипар испрати 1.200 тони хуманитарна помош во…

Министерството за надворешни работи на Кипар објави…

Рубио: Веќе не и поклонуваме оружје на…

САД повеќе не ѝ даваат оружје на…

Муцунски на средба со украинската амбасадорка Дир:…

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, информираше…

Утрово студенти и граѓани ја блокираа зградата…

Студентите во блокада на факултетите на Универзитетот…

Во кичевско Зајас, пронајдени оружје и муниција…

На 18.08.2025 околу 23:10 часот во с.Зајас,…