ЦУК и ДПД Струмица потпишаа Меморандум за соработка

t

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЦУК и ДПД Струмица

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, и претседателот на Доброволното противпожарно друштво – Струмица, Митко Димчев, потпишаа Меморандум за соработка со кој се зацврстува институционалната и теренската соработка во справувањето со кризи и елементарни непогоди., пишуваат во Фјесбук објавата на прифилот на Центарот за управување со кризи

Меморандумот предвидува заеднички активности во областа на превенцијата, раното предупредување и одговорот при пожари, поплави и други елементарни непогоди. Притоа, посебен акцент е ставен на унапредување на комуникацијата, подобра координација на институциите и вклучување на волонтери во системот на заштита и спасување.

Соработката има за цел зголемување на јавната свест за важноста на превентивните мерки, обезбедување на опрема и услови за поефикасно делување на терен, како и организирање едукативни активности и обуки за граѓаните и волонтерите со цел поголема подготвеност во справување со кризни ситуации.

Овој меморандум претставува значаен чекор кон создавање посилен и поефикасен систем на заштита, со конечна цел – зголемена безбедност на граѓаните и заштита на животната средина. , пишува во објавата на Фејсбук профилот на ЦУК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…