Студентски и граѓански организации покренаа петиција за предвремени избори во Србија
Академскиот пленум, MASA, PROAKTIV на Универзитетот во Приштина со привремено седиште во Косовска Митровица, Слободните универзитети во Ниш, Крагуевац и Нови Пазар, со поддршка на граѓанските собранија низ цела Србија и неформалната група инженери „Барања на инженерите“, започнаа петиција за распишување предвремени парламентарни избори.
Петицијата веќе е активна во повеќе од дваесет градови, меѓу кои Белград, Нови Сад, Крагуевац, Ниш, Суботица, Ваљево, Чачак, Смедерево и Заечар.
Организаторите нагласуваат дека предвремените избори се клучното барање на студентите, откако станало јасно дека актуелниот режим нема намера да ги исполни нивните досегашни услови. Според нив, тоа е единственото демократско решение за излез од длабоката политичка криза во која се наоѓа Србија, како и начин да се отвори пат за одговорност на оние кои го прекршуваат законот и вршат насилство врз студенти и граѓани.
„Ова е мирен и демократски начин граѓаните да покажат дека не се согласуваат со политичка самоволност, узурпација на власта и загрозување на институциите. Секој потпис е чекор кон исполнување на барањата на студентите, како и кон гонење на одговорните за кривичните дела, чиј список секојдневно се зголемува,“ соопштија организаторите.
Тие ги повикаа сите граѓани да ја потпишат петицијата во своите градови или да се приклучат кон иницијативата преку локалните собранија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските акции во плус, нафтата „брент“ 101…
Европските акции денеска главно се во пораст,…
Откриено богато војничко погребување на архајската некропола…
Богато војничко погребување со штит, шлем, копја,…
307 илјади станови празни, а цената на…
Во Македонија има доволно станови за парадоксот…
Цената на нафтата се спушта, еврото падна
Цените на нафтата паднаа бидејќи податоците покажуваат…
На денешен ден, пред 19 години: Тоше…
На денешен ден, пред 19 години, својот…