Крвава расправија во Дебар – маж прободен со нож, полицијата го уапси 32-годишниот напаѓач
32-годишен жител на Дебар синоќа беше уапен од страна на полицијата бидејќи е осомничен за напад со остар предмет врз негов сограѓанин.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот, по претходна вербална расправија помеѓу двајцата мажи.
Во расправијата, осомничениот К.Т. (32) со остар предмет го нападнал Ф.Д. и му нанел убодна рана. Нападнатиот веднаш бил пренесен на лекарски преглед, а полицијата брзо реагирала и околу 23:45 часот го лишила од слобода осомничениот напаѓач.
„Лицето е задржано во полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар на Шар Планина
Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на…
Симеон Втори објасни зошто не присуствувал на…
Цар Симеон II објасни зошто не присуствувал…
Пожар во стан кај Клинички центар –…
МВР информира дека вчера попладне во 16:20…
Шест лица повредени, четворица од нив се…
На 03.10.2026 во 22:10 часот, во ОВР…
Ѓорѓиевски бара постапување: Кобилата и ждребето се…
Утрово нѐ затекна веста за кобила која…