Објавено на:

Можна е воздушна поддршка од САД како идни безбедносни гаранции за Украина

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воздушната поддршка на САД и европските копнени трупи би можеле да бидат вклучени во идните безбедносни гаранции за Украина. Тој предупреди на „тешка ситуација“ ако разговорите меѓу Москва и Киев не успеат.

„Кога станува збор за безбедноста, европските сојузници со кои се сретнав во Белата куќа во понеделник се подготвени да ги испратат своите трупи на терен“, изјави Трамп за Фокс њуз. „Ние сме подготвени да им помогнеме со одредени работи, главно од воздух, бидејќи никој нема капацитети што ги имаме ние.“

Тој категорично увери дека американските копнени трупи нема да бидат распоредени во Украина и ја отфрли можноста земјата да се приклучи кон НАТО. Тој рече дека Франција, Германија и Велика Британија се подготвени да ги испратат своите трупи. „Не мислам дека тоа би било проблем. Искрено, мислам дека Путин е уморен од оваа војна“, додаде Трамп. Тој објави дека работи на организирање билатерален состанок меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, по што ќе следи трилатерален состанок, на кој самиот ќе учествува. „Разговарав со претседателот Путин, се обидуваме да организираме состанок со Зеленски.

Ако успее, тогаш ќе учествувам и ќе ги финализираме работите“, рече Трамп. Американскиот лидер нагласи дека Украина мора да прифати дека нема да ги врати изгубените територии, вклучувајќи го и Донбас. „Ја видовте мапата – голем дел од територијата е окупиран и контролиран од Русија. Донбас моментално е 79% под руска контрола“, рече тој. „Ова е војна, а Русија е моќна воена држава – многу поголема од Украина. Не можете да се соочите со земја што е десет пати поголема од вас“, додаде Трамп. Според него, Киев мора да покаже флексибилност: „Украина ќе го врати својот живот – ќе престане да губи луѓе и ќе задржи значаен дел од својата земја. Тие ќе добијат мир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можна е воздушна поддршка од САД како…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воздушната…

Фицо: Еден од основните услови за завршување…

Еден од основните услови за завршување на…

Воените лидери на НАТО утре на состанок…

Воените лидери на НАТО утре ќе одржат…

Лавров: Целта на Русија не беше да…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Трамп: Не ви треба прекин на огнот…

Трамп за време на состанокот со Володимир…