Притвор за Косовец осомничен дека силувал девојче од Македонија во Пеќ
Маж од косовскиот град Пеќ е во притвор откако пред три дена беше уапсен под сомнение дека силувал 14-годишно девојче од Македонија.
Осомничениот силувач е уапсен за време на викендот, откако полицијата открила траги кои водат до него, покрај сведочењето на девојчето, пишуваат косовските медиуми. Според „Сињали“, напаѓачот има 36 години. Жртвата и нејзината мајка го пријавиле случајот во полиција, а девојчето во детали им го раскажало на полицајците нападот, кој се случил во напуштена куќа во Пеќ.
Според сведоштвото, напаѓачот го принудил девојчето на сексуален однос.
Косовското обвинителство соопшти дека истрагата за случајот е во тек. Доколку биде обвинет и осуден, според косовските закони на осомничениот силувач му се закануваат до десет години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж-монструм од Гостивар: Сопругата ја принудувал на…
На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС…
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…