Уапсен маж од Македонски Брод кој неовластено пукал со оружје од неговиот дом
Од полицијата информираат дека вчеравечер во 21:30 часот во селото Требовље, општина Македонски Брод, по извршен претрес на неговиот дом, бил уапсен 43-годишниот Н.К. од село Долно Седларце, општина Брвеница, откако претходно било пријавено дека од неговата куќа се слушале истрели од огнено оружје.
При претресот полицијата пронашла и одзела две ловечки пушки и муниција за ловечки карабин.
Човекот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД распоредија околу 3.000 војници во Израел…
Околу 3.000 американски војници во моментов се…
Трамп создава нова федерална канцеларија за „суперинтелигенција“…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска го најави…
Пет болници во Иркутск под карантин, според…
Во пет здравствени установи во рускиот град…
Професор Атанасовски: Самуил никогаш не бил во…
–Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност…
Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со…
Бугарија е подготвена на разговори, но без…