На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

t

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило. Против едно лице, државјанин на Косово, Одделението за истраги во Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, односно без оригиналното пакување, како и без соодветни дозволи и сертификати од надлежни институции. За да избегне царинска контрола, сторителот лековите ги наредил во редови и ги скрил меѓу патнички перничиња за врат, сместени во три картонски кутии.

Со ваквиот начин на транспорт се загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи лекови кои не се соодветно декларирани, складирани, транспортирани и без соодветни дозволи и сертификати можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето.

По брзата реакција на инспекторите, кои работеа на случајот во текот на изминатото деноноќие, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија, од каде што е изречена мерка за одземање на лековите.

Царинската управа ќе продолжи со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц на лекови и заштита на јавното здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…

Денеска е Митровден – празник посветен на…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и…

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови…

Времето денеска ќе биде променливо облачно со…