Академски пленум на Србија: Полицијата веднаш да престане со заплашување и репресија врз студентите
Академски пленум на Србија остро го осудува зачестеното апсење на студенти изминатите денови и бара спречување на обидите за заплашување и репресија над студентите и останатите граѓани.
„Последните апсења на студенти на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад, кои поради несреќни околности се најдоа зад полициски кордон, додека полицијата ги потиснуваше граѓаните кои мирно протестираа пред судот, е само доказ дека власта ѝ наредила на полицијата да ги употреби сите можни репресивни средства. Коментарот на полицијата за време на апсењата, студентите да ги водат на стрелање, не е само непрофесионално однесување, туку и обид за заплашување на сите останати студенти“ порачаа од Академскиот пленум.
Оттаму го повикаа министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ да спроведе независна внатрешна истрага на сите постапки на полицијата во претходните денови, а обвинителството и судот да ги пуштат на слобода сите приведени студенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На денешен ден, пред 19 години: Тоше…
На денешен ден, пред 19 години, својот…
За шест месеци потрошени 1,6 милијарди евра…
Податоците од Управата за јавни приходи (УЈП)…
Гасот во Европа поскапе за 171 отсто…
Цената на природниот гас на европскиот пазар…
Анкета: Меркел е посоодветна од Мерц за…
Речиси половина од Германците веруваат дека поранешната…
ФБИ уапси жена во Калифорнија под сомнение…
Американските власти во неделата уапсија жена од…