СДСМ: Бадијала лажете, Извештајот на ОЛАФ ги потврдува вашите злоупотреби со Еразмус +
Соопштение на СДСМ:
СДСМ до ДПМНЕ: Бадијала лажете, Извештајот на ОЛАФ ги потврдува вашите злоупотреби со Еразмус +
Бадијала се сите лаги пласирани од партиската говорница во Белата палата кога милионските злоупотреби во Еразмус+ водат право до ВМРО-ДПМНЕ.
Злоупотребите во период на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година се потврдени со извештајот на ОЛАФ, кој содржи основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, со повеќе од 50 физички и правни лица инволвирани во Македонија и уште пет земји-членки на ЕУ.
Дополнително, отворени се и сомнежите за тоа како биле распределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, токму кога Ана Михајлов и нејзината кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата.
Со очајни напади врз СДСМ, власта не може да ја прикрие вистината.
Дури и градоначалникот на Кaвадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев јавно ја демантираше сопствената партија.
Јасно како ден е дека ВМРО-ДПМНЕ ги штити милионските криминални шеми во Еразмус+.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…
Денеска е Митровден – празник посветен на…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија и…
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…