Објавено на:

Црногорските пожарникари ќе бидат наградени со по 1.500 евра и седумдневен одмор

t

Црногорските пожарникари кои работеа дење и ноќе за гаснење на бројни пожари во земјата ќе бидат наградени со 1.500 евра и седумдневен престој во Институтот „Д-р Симо Милошевиќ“ во Игало, објавија премиерот Милојко Спајиќ и градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.

„Тукушто се договоривме со градоначалникот Саша Мујовиќ, како израз на благодарност за напорите што ги вложија во последните денови, пожарникарите да бидат наградени со 1.500 евра и седумдневен престој во Институтот „Д-р Симо Милошевиќ“ во Игало“, напиша Спајиќ на мрежата X.

Спајиќ и Мујовиќ се согласуваат дека пожарите со кои се соочи Црна Гора во последните денови оставија голема штета. „Овие тешки денови нè обединија сите во борбата за спасување животи од огнената стихија пред сè. И како што обично е случај, најтешките битки раѓаат херои. Затоа, им должиме посебна почит и благодарност на припадниците на службите за заштита и спасување кои беа на првата линија на одбраната дење и ноќе“, се вели во заедничкото соопштение на РТЦГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црногорските пожарникари ќе бидат наградени со по…

Црногорските пожарникари кои работеа дење и ноќе…

Битолчанец се заглавил на дрво во градски…

На едно од дрвата во битолскиот градски…

Заврши обуката за превенција од пожари –…

На јавниот повик на Владата за активната…

Пожарникарите од Велес спасиле загалавени мајка и…

Пожарникарите од ТППЕ Велес синоќа имаа повеќе…

Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик…

Владата на Република Македонија информира дека, поради…