Објавено на:

Aмбасадорот на ЕУ во Србија го осуди насилството на протестите и побара истрага за полициската прекумерна употреба на сила

t

Новиот амбасадор на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска објави дека имал конструктивна прва средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут и додаде дека Унијата „го осудува насилството и повикува на итна деескалација“ и дека „мора да се почитува слободата на изразување, слободата на мирно собирање и слободата на медиумите“.

Фон Бекерат напиша на својот X профил дека „Европската унија внимателно ја следи ситуацијата – исто така и во контекст на преговорите со Србија за пристапување во ЕУ“, пренесува Н1.

„Го осудуваме насилството и повикуваме на итна деескалација. Слободата на изразување, слободата на мирно собирање и слободата на медиумите мора да се почитуваат“, додаде тој.

Тој исто така напиша дека „полициските акции мора да останат пропорционални“ и дека „прекумерната употреба на сила мора да се истражи, вклучително и заканите и насилството врз новинарите“.

„Патот кон Европската Унија нуди решенија за многу од предизвиците со кои се соочува Србија“, напиша Бекерат.

Српскиот премиер Ѓуро Мацут, од друга страна, претходно „го поздрави неговиот проактивен пристап на амбасадорот од првиот ден од неговиот мандат и неговите избалансирани изјави за моменталната состојба во Србија, особено осудата на сите видови насилство, вклучително и нападите врз просториите на политичките партии“, објави владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмбасадорот на ЕУ во Србија го осуди…

Новиот амбасадор на Европската Унија во Србија,…

Видео| Група на Хамас се обиде да…

Група од најмалку 18 членови на Хамас…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…

Си-Ен-Ен: Путин нема да се сретне со…

И покрај тоа што во последно време…

Руски извидувачки дрон падна во Полска

Во Полска ноќеска во воздух експлодирал руски…