Путин и Ердоган разговарале за економска соработка, но и за мир во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти прес-службата на Кремљ. Политичарите, меѓу другото, разговарала за руско-американскиот самит што се одржа во Алјаска на 15 август.
Во разговорот со Ердоган, Путин го коментирал состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, а претседателите на Русија и Турција разговарале за поширокиот контекст на решавање на украинскиот конфликт. Шефот на руската држава му се заблагодарил на својот соговорник за посредништвото во преговорите меѓу Москва и Киев во Истанбул, соопштија од Кремљ.
Покрај тоа, државниците разговарале и за продолжувањето на соработката во областа на трговијата и инвестициите.
„Беше договорено да се продолжат личните контакти“, се наведува на официјалната веб-страница на Кремљ.
Турција ги поддржува напорите за воспоставување траен мир во Украина со учество на сите страни, му рекол Ердоган на Путин за време на денешниот телефонски разговор, соопшти кабинетот на претседателот на Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Со 1,26 промили, велешанец физички ја нападнал…
Полицијата во Велес го лишила од слобода…