(Видео) Кардиологот Сашко Кедев со сериозно обвинување: Приватни болници прават непотребни операции, отвараат граден кош на здрави пациенти заради профит
Приватните луѓе праќаат пациенти на операција, кај кои не е потребна никаква операција, тврди познатиот македонски кардиолог, д-р Сашко Кедев. Тој за време гостувањето во „Стадион“. на Канал 77 вели дека пречесто се случува да одвраќа луѓе од непотребни операции.
-Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотрени интервенции. Непотребни статирања, непотребни операции. Ние во моментов се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции, коишто се профитно ориентирани. Имае пролиферација на приватни институции, болници, на коишто интересот им е профит. Тоа се лесно докажливи работи, тоа е снимено на филм. Имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба. Имаме докази за тоа – изјави д-р Кедев.
Тој ги повика Министерството за здравство и Фондот за здравство да ги проверат ваквите сознанија и да преземат соодветни мерки.
-Релевантните институции треба да преземат нешто. Пред се мислам на Министерството за здравство и Фондот за здравство. Тоа се институциите што ги плаќаат овие интервенции. Но не само што ги плаќаат. Не е проблемот во парите. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми кои што се поврзани со профит. Профит во медицината не смее да има. Пари и профит има на здрави луѓе. На болни луѓе нема профит. Таму каде што има интервенции често има и дополнителни трошоци, дополнителна терапија и тие пациенти не носат профит. Профит има со здрави луѓе. Министерството и Фондот кои што даваат дозвола за работа треба да следат што се прави во тие институции. Ова што го кажувам е мое искуство, но и искуство на десетина доктори што го работат истото со мене. На дневна основа на нас ни доаѓаат луѓе со наод пратени во една од приватните болници за операција. Во тие записи нема апликација за стенд, а не па за операција. И тие луѓе одат на операција – додава Кедев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кардиологот Сашко Кедев со сериозно обвинување:…
Приватните луѓе праќаат пациенти на операција, кај…
Израел започна офанзива врз Газа
Израелската војска започна офанзива врз градот Газа,…
Арагчи: Европа нема право повторно да воведува…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
(Видео) Трамп малку се збуни: Ги помирив…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги замени Ерменија…
Палестинци бегаат од Газа, откако Израел ги…
Голем број Палестинци бегаат од градот Газа…