Ја удри по лице, се соочивме со навреди и закани – сведочења во судница за случајот Арсовска – Љамалари
Вработени во Град Скопје беа сведоци на денешното судење против Сулејман Љамалари, обвинет за нападот на градоначалничката Данела Арсовска. Се упатиле на вонреден инспекциски надзор, а наместо да ја завршат работата, се соочиле со навреди и закани, сведочеа пред судот вработените во Град Скопје кои биле со Арсовска.
„Затекнавме неколку лица кои што го градат објектот. По нашето пристигнување сите се разбегаа, а по некое време лицето овде на клупата со тротинет дојде на истата локација. Јас бев на страна со колегите, вршевме констатација. Обвинетиот се замавна кон градоначалничката со лева рака, односно тоа беше напад. Ја удри по лицето по што веднаш пријавив во полиција дека градоначалничката е нападната“, сведочеше вработен во Град Скопје на денешното рочиште во судницата.
„Околу 11:30 часот се зголеми тензијата од повеќе присутни граѓани и во даден момент пристигна обвинетиот со електричен тротинет и се приближи до овластените службени лица. Обвинетиот, и покрај зголемената тензија, со дофрлање на инспекторите и градоначалникот, употребување вулгарни зборови така што зборот „к….“ го употреби повеќе од 12 пати. И покрај тоа што од овластени лица беше опоменат за таквата некултура, тој продолжи да се расправа, дури и на мене и мојот колега ни се обрати со зборовите, цитирам „земете ја к……, носете ја во Град Скопје“. Обвинетиот пред продавницата ја удри градоначалничката во главата и во тој момент се зголемија тензиите и започнаа викотници, а дури од некои слушнав и дека градоначалничката е нападната, па настана страв, турканица, збунетост, несигурност“, рече друг сведок.
Љамалари заработи обвинителен предлог од Обвинителството за кривично дело „насилство“ заради тоа што извршил грубо насилство врз градоначалничката Данела Арсовска на 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје.
Арсовска, заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект. Обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница.
Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да ѝ се заканува. Љамалари на претходното судење се произнесе дека е невин и дека тој бил жртва на физички напад, па ја пријавил Арсовска за насилство.
Наредното рочиште на кое треба да се презентираат докази и сослушаат и други сведоци е закажано за една недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…