До 13 часот, 11 пожари на отворен простор, 7 активни!

t

До 13 часот денеска во земјава регистрирани се вкупно 11 пожари на отворено, од кои седум се сè уште активни, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општините Македонски Брод, Струга, Долнени, Прилеп, Боговиње, како и два во Студеничани.

Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Подгорци опожарена е нискостеблеста шума. Ниска вегетација гори во атарот на село Лажани.

Опожарена е букова шума на подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште. Ниска вегетација гори во село Оловјане. Во пожарот на територија на село Батинци, опфатени се ниска вегетација и ѓубре. Последниот активен пожар е во регионот на село Горно Количани, планински врв Китка, опожарена е мешана шума.

Изгаснатите пожари биле во општините Маврово – Ростуше, Ѓорче Петров, Струга, Липково.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејство од Белград тешко повредено во сообраќајка…

Семејство од Белград, Србија, е повредено во…

Вирусот на западнонилска треска се шири во…

Првите три случаи на западнонилска треска оваа…

Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

„Поло“ запрено кај Струмица, возачот предал марихуана…

На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од…