Запленети поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, двајца уапсени

t

Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово

При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија четврти ден ги напаѓа мостовите во…

Русија четврти ден по ред ги напаѓа…

Девојка од Делчево е тешко повредена, со…

На 04.10.2026 во 05:10 часот во ОВР…

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците,…

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците…

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот…

Продолжува отчетот пред граѓаните. По средбите и…

„Безбеден град“ ќе препознава и возење без…

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски…