Службеник од Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ.
Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Притоа откако ги пуштил паричните средства од тресорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Службеник од Шуто Оризари присвоил од општинскиот…
Единицата за економски и компјутерски криминал при…
Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…
Истрага за поткуп и проневера во СОЗР
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од…
Човечки коски и облека пронајдени во Оризари:…
Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне,…
МКЦ БИЛ ПРЕТВОРЕН ВО СЕМЕЈНА ФИРМА: Не…
Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар призна…