Ангелов: Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“, остануваат жаришта
Утрово врнежите кои траеја повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“ конечно помогнаа да се изгасне пожарот што беснееше повеќе од десетина дена, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Иако врнеше обилен дожд, на одредени делови од пожарната линија сè уште има чадење.
„По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиски интервенции на жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Целиот терен дополнително ќе биде проверен и со дронови со термални камери“, соопшти Ангелов.
Екипи на ЈП „Јасен“ ќе продолжат со постојано патролирање сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.
Дожд заврна претежно во северните и северозападните делови на државата, додека во источните, југоисточните, централните и југозападните делови засега немаше врнежи.
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска се очекува засилен ветер со брзина до 60 километри на час, кој значително ќе го зголеми ризикот од нови пожари и нивно брзо ширење.
Ангелов упати апел до граѓаните да бидат крајно внимателни, да не предизвикуваат пожар и веднаш да пријават секое сомнително однесување. Дополнително, тој потсети и на обврската, доколку се забележат електрични жици кои искрат или се допираат, случајот веднаш да се пријави во ЕВН или на бројот 112.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Загреб ќе се одржи голем протест…
Во Загреб денеска ќе се одржи голем…
Тројца македонски полицајци итно пренесени на скопските…
Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна…
Гром усмртил 95 овци на сточар од…
Велешката полиција за „СДК.мк“ потврдила дека громот…
Мицкоски: Нека ме исмејуваат, но останувам на…
Во второто тромесечје од годината забележана е…
Ученик се онесвестил од пеколното време во…
Наставата во сите основни и средни училишта…