Внимавајте: Лажна објава за „80-годишен јубилеј“ на ЈСП, мами граѓани со картички од 120 денари

t

Фејсбук-страница именувана како „Јавен превоз во Скопје“ шири лажни информации и се обидува да измами граѓани нудејќи таканаречени „ограничени транспортни картички“ за наводно бесплатно возење. Од Јавното сообраќајно претпријатие предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не отвораат сомнителни линкови.

Според објавата на лажната страница, на граѓаните им се нуди „шестмесечен бесплатен јавен превоз за само 120 денари“ по повод наводен 80-годишен јубилеј на ЈСП. Но, како што укажуваат од претпријатието, ова е очигледен факсификат бидејќи ЈСП е основано во 1948 година и јубилејот ќе се одбележи дури во 2028 година.

„Јавно сообраќајно претпријатие ‘Скопје’ нема никаква поврзаност со оваа Фејсбук страница ниту со активностите што таа ги спроведува. Ја известуваме јавноста да не наседнува на вакви измамнички објави кои единствено имаат цел да наштетат на работата на претпријатието и да ги доведат во заблуда граѓаните“, стои во соопштението од ЈСП.

Од таму додаваат дека содржината е пријавена на Фејсбук како измама и дека ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Во објавата што кружи на социјалните мрежи е поставен и лажен линк кој, според претходните случаи, се користи за кражба на лични и банкарски податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте: Лажна објава за „80-годишен јубилеј“ на…

Фејсбук-страница именувана како „Јавен превоз во Скопје“…

ВНИМАВАЈТЕ: Невреме доаѓа во Македонија!

Под влијание на атмосферски фронт кој се…

Рубио: САД ќе ги суспендираат работните визи…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес објави…

Ангелов: Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“,…

Утрово врнежите кои траеја повеќе од два…

Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Путин…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…