Сијарто: Уште еден напад врз нафтоводот „Дружба“, нов обид да не вовлечат во војна, нема да успее
„Во текот на ноќта добивме вест дека нафтоводот „Дружба“ на руско-белоруската граница е повторно нападнат – по трет пат за краток временски период. Транспортот на нафта до Унгарија е повторно прекинат“, наведе Сијарто во објава на Фејсбук.
Сијарто оцени дека станува збор за „уште еден напад“ врз енергетската безбедност на Унгарија.
„Уште еден обид да нè вовлечат во војна. Нема да успее. Ќе продолжиме да ги поддржуваме мировните напори со сите наши сили и да ги браниме нашите национални интереси“, рече Сијарто.
Протокот на руска нафта кон Унгарија претходно беше прекинат на 17 август, откако Украина наводно повторно го нападна нафтоводот „Дружба“, а протокот на нафта беше обновен пред три дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Некој удрил срна со кола и…
Активисти итно бараат помош за срна која…
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Во јавноста во изминатиот период се појавија…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…
Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…