Орбан го објави писмото од Трамп: Многу сум лут!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави одговор од американскиот претседател Доналд Трамп на неговото писмо во кое предупредува за последиците од украинскиот напад врз нафтоводот Дружба. Во писмото, Трамп вели дека е „многу лут“ поради инцидентот.
„Виктор, не сум среќен што го слушам ова, многу сум лут поради тоа. Кажи ѝ го тоа и на Словачка. Ти си мој голем пријател. Доналд“, се вели во писмото што Орбан го објави на социјалните мрежи. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, претходно изјави дека испораките на нафта во Унгарија се прекинати по трет пат поради украинскиот напад со беспилотно летало врз нафтоводот. Во писмото до американскиот претседател, Орбан нагласи дека нападите на Киев врз нафтоводот Дружба ги загрозуваат клучните енергетски текови за Унгарија и Словачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот…
Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила…
Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест…
Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој…
Крајнодесничарската АФД со најголеми шанси за победа…
На помалку од еден месец пред важните…
Папата упати силен апел: Дипломатијата мора да…
Бројот на невини жртви од украинскиот конфликт…