Mногу сработија па одморија: Заврши одморот на пратениците, Собранието почнува со редовни активности

t

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. До петокот на собраниската веб страна освен брифингот со новинарите, Собранието немаше закажано други активности за следната недела.

Одморот на пратениците беше прекинат на 16 август кога беше свикана итна седница за Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка кој не помина поради немање на Бадентерово мнозинство. Претходно, на 13 август седница одржа и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која формира Комисија за селекција на кандидатите за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Вообичаено одморот на пратениците започнува по Националниот празник Илинден.

Претседателот на Собранието Гаши на 9 август ги распиша локалните избори за 19 октомври. Се очекува Собранието да одржува пленарни седници и седници на комисиите до пред почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.

На последниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието потсети дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно пратениците ќе бидат повикани за седници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициска „шкода“ се судри со патничко возило…

Тројца полициски службеници се повредени при судир…

Истрага за проневера и перење над 2,2…

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК, постапувајќи по…

Родители на момче во Србија: Го силувалe…

Родителите на основното училиште „Татомир Анѓелиќ“ во…

Тинејџер сам се пријавил во полиција откако…

Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако само се…

Ѓоргиев: Ја добивме најтешката група, ќе изгинеме…

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев…