Потресни сцени од денешниот марш во Кочани, мајката на загинатиот диџеј со порака за неговиот роденден: Небото одекнува од твојата музика, слави го со ангелите
Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Болни сцени, солзи и тишина ја обележаа поворката, при која родителите носеа фотографии од своите деца.
„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата, бараме животите на младите да не завршуваат во идни статистики“, пишуваше на еден од транспарентите.
„Моето дете умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива“, порача друг транспарент.
Особено емотивна порака носеше Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, чиј роденден беше вчера: „Денес небото одекнува од твојата музика, синко наш. Слави го роденденот со ангелите.“
„Ние, родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“, стоеше напишано до фотографиите на загинатите.
https://www.facebook.com/share/v/1aZNtZRz83
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потресни сцени од денешниот марш во Кочани,…
Во Кочани повторно се одржа марш на…
Мерц со самокритика: Германија е во длабока…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економските…
Нови антипротести низ повеќе градови во Србија
На голем број места во Србија вечерва…
Пет холандски министри си поднесоа оставка поради…
Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп,…
Гувернерот на Херсонската област ја предупредува Европа:…
Европските лидери треба трезвено да го проценат…