(Видео) Украинците ја нападнаа нуклеарната централа во Курск
Украина изврши напади со беспилотни летала во текот на ноќта врз неколку руски енергетски објекти, вклучувајќи ја нуклеарната централа Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти.
Во нападот врз нуклеарната централа во Курск, недалеку од границата со Украина, помошниот трансформатор беше оштетен, што доведе до намалување на оперативниот капацитет за 50 проценти, според официјални лица.
Во нападот нема повредени, а пожарот што избувнал брзо бил изгаснат. Исто така, нивото на зрачење во објектот и околината не ги надминува дозволените граници, соопшти прес-службата на нуклеарната централа.
Пожар избувна и на терминалот на нафтената компанија Новатек во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област како резултат на напад од украински беспилотни летала, објави раководителот на регионот Александар Дрозденко. Станува збор за огромен комплекс на Балтичкото Море за преработка и извоз на нафта и нафтени деривати на меѓународните пазари.
Fire Breaks Out At Kursk Nuclear Plant | Kyiv's Drone Shot Down#RussiaUkraineWar #WIONOriginals pic.twitter.com/UN4pU1gqPH
— WION (@WIONews) August 24, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот…
Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила…
Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест…
Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој…
Крајнодесничарската АФД со најголеми шанси за победа…
На помалку од еден месец пред важните…
Папата упати силен апел: Дипломатијата мора да…
Бројот на невини жртви од украинскиот конфликт…
(Видео) Тешка сообраќајка во скопско, се судрија…
Денеска (09.08.2026) во 16:00 часот на регионален…