Во ЕУ ќе се зголеми увозот на пченка – сушата го намали приносот
Високите температури во Европската Унија го намалија приносот и квалитетот на пченката. Според очекувањата, европскиот увоз на оваа житарка ќе биде највисок во последните три сезони.
Во Франција, која учествува со 21 процент во вкупното производство на пченка во ЕУ, само 62 проценти од пченката беше оценета како добра или одлична, значително помалку од минатата година, додека сушите во Бугарија доведоа до најниски приноси на пченка и сончоглед во последните децении.
Проблемите со сушата и високите температури влијаеја и на приносот и квалитетот на земјоделските култури во Романија, земја која учествува со 13 проценти во производството на пченка во ЕУ, објавуваат медиумите.
Според прогнозите на Меѓународниот совет за житарки (IGC), Европската Унија очекува нејзиниот увоз на пченка во сезоната 2025/26 да изнесува 21 милион тони.
Покрај традиционалните добавувачи како Украина и Бразил, се очекува зголемување на европскиот увоз од Соединетите Американски Држави, пренесува Б92.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…
Турција почна да користи вештачка интелигенција за…
Проектот за сметководство и напредна аналитика на…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Ирански медиум тврди: Моџтаба Хамнеи може да…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
Се подобрува состојбата на пациентот кој со…
Тој во изјава за медиумите посочи дека…