Објавено на:

Началникот на Генералштабот на ИДФ: На маса е договор за заложниците, треба да го прифатиме

t

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Ејал Замир изјави за време на посетата на поморската база во Хаифа дека Израел треба да го прифати договорот за ослободување на заложниците и дека сега сè е во рацете на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави Канал 13.
„Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме“, рече Замир.

Тој нагласи дека ИДФ „создале соодветни услови за постигнување договор“ и дека сега е на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја донесе конечната одлука, објави „Тајмс оф Израел“.

Семејствата и роднините на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа протестираа вчера пред домовите на израелските министри барајќи договор за прекин на огнот, објавија локалните медиуми.

Милитантите на Хамас држат 50 заложници во окупираната палестинска енклава, вклучувајќи 49 киднапирани од терористи предводени од Хамас во напад врз Јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Се верува дека 20 заложници сè уште се живи, но постојат сериозни загрижености за состојбата на двајца заложници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…