Турски министер објави видео како вози со 224 километри на час – тврди дека полицијата го казнила
Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое вози со 224 км/ч на автопат, објави турскиот информативен сајт Т24.
Уралоглу го споделил видеото за да го промовира автопатот Анкара-Нигде, но на снимката се гледа дека возел со значително поголема брзина од дозволените 140 км/ч.
Објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што корисници го критикуваа министерот за непочитување на сообраќајните правила.„Зошто не ги почитувате ограничувањата на брзината, господине министер?“, праша еден корисник, додека друг коментира: „Ова е земја каде министерот не ги почитува ограничувањата, а граѓаните се казнуваат без проблем“.
По реакциите, Уралоглу потврди дека бил регистриран од радар и казнет за пречекорување на брзината. „Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и за кратко, несвесно, ја пречекорив брзината. Почитувањето на ограничувањата е обврска за сите“, напиша тој, додавајќи дека во иднина ќе биде повнимателен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот на депонијата во Крива Паланка гори…
Пожарот што вчера околу 11 часот избувна…
Скопјанец исчезна во Преспанското Езеро – Тигрите…
Вчера во 12:33 часот во СВР Битола…
СДСМ: Мицкоски во видео за 35 години…
Опозицискиот СДСМ реагира на видеото што премиерот…
Нетанјаху му рече не на Трамп: Израел…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли планот…
Приведен 19-годишник од Кочани, снимал експлицитни видеа…
На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани,…