Кривична пријава за скопјанец кој прво навредувал жена, а потоа ја гаѓал со гајба пиво

t

Уште еден случај на грозоморно семејно насилство ја потресе јавноста кога скопското обвинителство обзнани дека маж пред кафеана ја гаѓал жената со гајба полна со стаклени шишиња.

Полицијата му поднесе кривична пријава на мажот за сторено дело Тешка телесна повреда. „Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата. Оштетената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од ЈО и додаваат дека со цел да ја заштитат жената од можни идни напади од насилниот маж, судот му изрекол мерки на претпазливост односно, забрана за приближување, одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.

Праксата покажува дека жените кои го трпат насилството истото го пријавуваат кога ќе се најдат пред свршен чин како во случајот со жената во чија глава завришла кафанската гајба со шишиња од пиво. Со последните измени во Кривичниот закон, се зголемија казните за насилниците, а фемицидот се третира како свирепо убиство. Сепак, сè уште недостига казнување на психичкото насилство, а и фактот што жртвата мора да го пријави ќотекот ја намалува заштитата и вистинското гонење на насилниците, бидејќи тие често и се враќаат и вршат притисок да ја повлече пријавата, објаснуваат правните застапници на жените-жртви на семејно насилство. Во таа насока водат и податоците од Кривичниот суд за минатата година, една четвртина од предметите за семејно насилство лани завршиле без правен епилог, затоа што жртвите се откажале од судската постапка, а НВО забележува дека само два процента од жртвите пријавуваат насилство, и тоа по најсериозниот инцидент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за скопјанец кој прво навредувал…

Уште еден случај на грозоморно семејно насилство…

Турски министер објави видео како вози со…

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е…

Захарова: Украинските напади врз нафтоводот „Дружба“ се…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Почина Огнен Чемерски, преведувачот на „Моби Дик“

Огнен Чемерски – преведувач, лектор и асистент…

Нема да има свадби во ротирачката кула…

Четвртата, највисока платформа е ротирачка, прави еден…