Во Италија ќе се казнуваат шоферите кои фрлаат ѓубре – казна од 18.000 евра

t

Од 9 август, Италија ги казнува возачите кои фрлаат отпад од прозорците на своите автомобили. Прекршителите сега можат да добијат парична казна до 18.000 евра, да им биде одземена возачката дозвола или возилото, а во посериозни случаи дури и затворска казна, пишуваат италијанските медиуми.

Со новиот закон, казнувањето се олеснува преку видеонадзор – фотографија од регистарската табличка е доволна за издавање на казна. Мерката е наменета за заштита на животната средина и зголемување на сообраќајната безбедност, бидејќи фрлените предмети од возилата можат да предизвикаат несреќи.

Висината на казната зависи од видот на отпадот: фрлањето догорче од цигара или парче хартија ќе ги чини прекршителите до 1.188 евра, а фрлање лименки, стаклени шишиња ќе чини повеќе. Највисока е казната за фрлање кеса со ѓубре од прозорец на автомобил и таа изнесува вртоглави 18.000 евра. За фрлање отпад или испуштање опасни супстанции во природни резервати се предвидени затворски казни од шест месеци до седум години, а нелегалното фрлање со службено возило може да резултира и со заплена на возилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…

Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…

Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…

„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…

Русија се согласила да му испорача на…

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…