Доаѓа, јаде ореви, макарони, омлет со пченка и си оди
Необична сцена била снимена со мобилен телефон на трем од семејна куќа во шарпланинското село Отуње. Мечка, привлечена од храна оставена на масата на тремот, мирно се гостела додека семејството, исплашено, ја снимало од внатрешноста на домот.
Ова е една од неколкуте посети на мечка во дворот од викендичката на Азис Мурати во шарпланинското село Отуње, каде редовно доаѓа по храна. Иако денес 72-годишниот пензионер расположено раскажа што доаѓа мечката за да јаде кај него во двор, вели дека првата средба не била пријатна. Се уплашил, бидејќи и самиот бил на тремот и ги оставал на масата штотуку собрани ореви, па ја здогледал мечката.
„Јас се повлеков назад. Таа ги јадеше оревите, јас чукав на прозорец, таа ме гледа и замина. Му останаа два орева долу. Ги викнав органите во Теарце, полицијата, дојдоа, вршеа преглед. „Сакаш оштета?“, ме прашаа, им реков дека не сакам оштета“, раскажува Азис Мурати.
Тој вели дека мечката не пребира од храната. Досега вкусила сe што сè нашло на оваа маса – ореви, макарони, омлет со пченка и слично. Смета дека веќе се спријателиле, па дури и се размислува редовно да остава храна надвор.
„Синоќа, со колегата комшија правевме муабет, пушевме цигари. Му викам да спремам нешто, специјал ќе ти дадам. Правев макарони со јајца. Јас во кујна мешам јајца, тој вика Азис не излегувај надвор. Зошто?“, го прашав. Мечката. Јас отворам прозорец од кујна, таа на астал (маса) ги јаде макароните“, вели Мурати.
И во блиските села како Сетоле и Једоарце летово се забележани слични примери со камери за видеонадзор. Мечките во потрага по храна, се движат низ селото, но прават и штети, уништуваат сандаци со пчели, а во селото Доброште беа уништени и десетици лешникови дрвја.
Според податоците на Националниот парк Шар Планина, бројот на мечки не го надминува оптималниот број, но се потребни и нови пребројувања. Мечката е заштитен вид и не смее да се стрела од ловџиите. Од НП апелираат да не се создаваат депонии со отпад, бидејќи ги привлекуваат мечките кои се во потрага по храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доаѓа, јаде ореви, макарони, омлет со пченка…
Необична сцена била снимена со мобилен телефон…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно ги туркаат…
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат…
По 57 обиди, Косово го конституира Собранието
Пратеникот на Самоопределување, Димаљ Баша, е новиот…
Деканот на Градежен факултет, Горан Марковски, ќе…
Професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет…
Грција предлага четиридневна работна недела, но 10-часовен…
Грчкото Министерство за социјални работи презентираше голем…