МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на Делчево – Трајковски: Целата процедура ја води Агенцијата за администрација!

t

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба и овластување.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно член 98 став 1 алинеа 3, а во врска со член 98 став 5 алинеја 9 и 10 од Законот за административни службеници.

Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата. – стои во соопштението од МВР.

Инфомакс го контактираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, вели дека целата процедура ја води Агенцијата за администрација и градоначалникот нема никаква допирна точка со процедурата.

– Вработувњето на административни службеници е регулирано со Законот за административни службеници и отпочнува со јавен оглас кој го објавува Агенцијата за администрација на својата интернет страна и во три дневни весници. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас ја формира Агенцијата за администрација со Решение кое го потпишува Директорот на Агенцијата .Постапката за селекција на кандидати по објавен јавен оглас исклучиво ја води Агенцијата за администрација(административна селекција, испит за административен службеник и проверка на веродостојност на докази и интервју). По завршувањето на последната фаза (интервју)комисијата дава предлог листа на кандидати а градоначалникот е врзан да го избере прворангираниот од листата.Во конкретниот случај прворангиран и единствен кандидат по завршената селекција во три фази било избраното лице.Значи Градоначалникот за конкретното вработување има постапено согласно Законот за админинистративни службеници и не направил никаква злоупотреба.Комисијата за селекција формирана од Агенцијата за администрација ја водела постапката за вработување, ги имала на увид сите доставени документи наведени во пријавата и не констатирала неправилности во однос на староста на кандидатот кој аплицирал, туку му е дозволено да ги помине сите фази на селекција и да биде прворангиран и предложено да биде избран како прворангиран но и единствен кандидат и за кој е донесена Одлука за избор и Решение за вработување по јавниот оглас. Градоначалникот нема законска обврска да врши увид и проверка во доставената документација на вработеното лице ,од причина што со Законот за административни службеници, таа обврска е дадена на Комисијата формирана од Агенцијата за администрација.Нема никаква злоупотреба на службената положба, Градоначалникот постапил согласно Законот и донел Одлука за избор и Решение за вработување на административниот службеникнаправената селекција на кандидатите кои успешно ги поминале сите фаза на постапката за селекција и истата ја објавиле на веб страната на Агенцијата за администрација и предложиле на институцијата завршена постапка водена од страна на Агенцијата за администрација. – вели Трајковски за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…

ДКСК и Обвинителството: Нема злоупотреби при организацијата…

Обвинувањата за наводни неправилности при организацијата на…

Вучиќ разговараше со Лавров

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со рускиот…

Доаѓа, јаде ореви, макарони, омлет со пченка…

Необична сцена била снимена со мобилен телефон…

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно ги туркаат…

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат…