„Фокус“: Продолжува хаосот на скопска Онкологија, се чека со часови за терапија
Никако да се среди гужвата на Онкологија, пациентите поминуваат низ хаис и хорор пишува весникот Фокус.
Гужви пред влез, хаос внатре кај шалтерите, редици додека болните влезат во дневната болница за да ја примаат терапијата, која живот значи.
Екипата на „Фокус“ ја посети клиниката и од тоа што можевме да забележиме на терен е страшната голгота со која секојдневно се соочуваат овие пациенти, од кои некои патуваат километри додека да стигнат до болницата. Изнемоштени и болни, со документите во раце чекаат пред ординациите на своите лекари во зависност од тоа, кој од каков вид на карцином боледува. Повеќето во придружба на своите најблиски поминуваат часови додека да дојдат на ред за терапија, а потоа пак нема место во дневната болница за да седнат и да го примаат неопходниот лек.
„Секој пат кога доаѓаме е вака. Јас сум еднаш неделно тука, ја носам од Тетово мајката на сопругата која има канцер на дебело црево. Кога ќе земе број за да чека ред за терапија, минуваат неколку часа додека да влезе во дневната болница. А, нема место каде да седнат пациентите. Ние, ајде ќе се снајдеме надвор од болницата, но извинете на изразот на некој ова му се последни месеци од животот, мислам дека не треба да ги помине чекајќи по болничките ходници“, вели во изјава за „Фокус“ еден од придружниците на пациентка болна од рак.
Целиот текст и видеото погледнете ги на ФОКУС
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фокус“: Продолжува хаосот на скопска Онкологија, се…
Никако да се среди гужвата на Онкологија,…
Онколошките пациенти од август таблетарната терапија ќе…
Онколошките пациенти од сите градови во државата…
Обвинителство: Вештачењето покажа несоодветно лекување на пациентите…
Пациенти биле несоодветно лекувани на скопската Клиника…
СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…
После 20 годии шепотење и непреземање ништо…
Нема седница за Анкетната комисија за Онкологија,…
Сѐ уште сум во шок поради тоа…