Лишени од слобода Србин и Унгарец кои преку „ГП Табановце“ сакале да преносат бели прашкасти материи и таблети

t

Денеска МВР сооопшти дека на ГП Табановце биле лишени од слобода државјанин на Унгарија и Србија кај кои биле пронајдени бели прашкасти материи, таблети и кутија со капсули. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

„На Табановце лишени од слобода двајца странски државјани, кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети

На 25.08.2025 околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј.(32) од Унгарија и А.Б.(37) од Србија. При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсули. Додека, во личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени сооддветни пријави.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Симеон Втори објасни зошто не присуствувал на…

Цар Симеон II објасни зошто не присуствувал…

Пожар во стан кај Клинички центар –…

МВР информира дека вчера попладне во 16:20…

Шест лица повредени, четворица од нив се…

На 03.10.2026 во 22:10 часот, во ОВР…

Ѓорѓиевски бара постапување: Кобилата и ждребето се…

Утрово нѐ затекна веста за кобила која…

Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…