До 18 часот, нема активни пожари на територија на Македонија, три под контрола

t

Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот на територија на државава. Нема активни во моментов, три се под контрола, останатите се изгаснати, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. Мешана шума е опожарена и во подрачјето на селата Долгаец и Стровија.

Изгаснатите пожари биле во регионот на општините Брвеница, Врапчиште, Гази Баба, Долнени, Куманово, Прилеп и Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 18 часот, нема активни пожари на…

Вкупно 10 пожари на отворен простор се…

Семејна драма во Скопје: татко пријавил дека…

65-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека…

Адвокатот на разрешената директорка од Демир Хисар:…

Драмата во Демир Хисар продолжува, адвокатот на…

Мециновиќ: Мора да се престане со деградирањето…

Кандидатот за градоначалнник на Град Скопје од…

Јакимовски: Советници вршат мобинг врз инспектор во…

Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош,…