Бегства имало и ќе има: Патник со налог за апсење пуштен од полицаец!
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник со иницијали С.С., поради сомнеж за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Според информациите од МВР, на 12 август 2025 година, пријавениот полициски службеник, кој работел на пасошка контрола во Полициската станица за граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, не извршил контрола врз патник кој се наоѓал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“. Со неговото несовесно постапување, патникот успеал да влезе во државата, со што бил ставен во поволна состојба и истовремено е нанесена штета на угледот на Министерството за внатрешни работи. Од полицијата велат дека ваквото однесување е недозволиво и ќе се санкционира со најстроги мерки. – Министерството за внатрешни работи нема да толерира несовесно или незаконско постапување од страна на наши службеници. Секој поединец кој ќе ја злоупотреби својата службена должност ќе одговара согласно законските прописи – изјавија од МВР. За случајот е известено и надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…
Иран соопшти дека нема да ја отвори…
Иран нема да ја отвори Ормуската теснина…
AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат…
Поддршката за десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD)…
Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…