Пуштен за сообраќај патот Нова Брезница – Македонски Брод преку Јасен
Од изутринава во 05:00 часот пуштен е за сообраќај регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен, кој неколку дена беше во прекин поради пожар. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
До 31 август на државните патишта во Македонија има летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуштен за сообраќај патот Нова Брезница –…
Од изутринава во 05:00 часот пуштен е…
Вупно 27 пожари во изминатото деноноќие: Еден…
Во текот на изминатото деноноќие, на ден…
Полициски хеликоптер фрли над 30 тони вода…
Денеска (19.08.2025) хеликоптерот Бел 412 на македонската…
Два пожари се активни, сѐ уште гори…
Низ земјава регистрирани се вкупно 24 пожари…
Поради пожар затворен е патот Македонски Брод-Скопје
Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје…