24-часовен штрајк утре во Грција!
Грчките синдикати повикаа на 24-часовен штрајк на државните службеници во знак на протест против новиот нацрт-закон со кој ќе се продолжи работното време. Предлог-законот ќе биде доставен до парламентот на дискусија и гласање во четврток и предизвика бран незадоволство и кај работниците и кај опозициските партии.
Контролорите на летање ќе ја прекинат работата 4 часа, а нема да има летови во истиот период. Се очекува и фериботите да престанат, објавија грчките медиуми. Министерството за труд ги бранеше предложените измени, тврдејќи дека тие ќе обезбедат поголема флексибилност во работното време, што ќе им користи на вработените:
„Целта е да се создадат услови во кои вработените полесно ќе можат да го балансираат својот професионален и приватен живот“, соопшти министерството. Опозициските партии остро го критикуваа предлог-законот. Според нив, работодавците ќе можат да воведат работен ден до 13 часа. Вработените можат да бидат отпуштени ако не се согласат со новите услови.
„Законот го легализира прекумерното работно оптоварување, без реални гаранции за заштита на работниците. Ова не е модернизација, туку враќање во индустриското време“, рече претставник на опозицијата. Предлог-законот вклучува можност за четиридневна работна недела, но со 10 работни часа дневно. Владата тврди дека ова ќе им даде на родителите повеќе слободно време.
Економистите веруваат дека со продолжени смени од повеќе од 10 часа, вработените ќе можат да добиваат повисоки плати, особено во сектори како што е туризмот, каде што работата е сезонска и зафатена. Како одговор на предлог-законот, синдикатите прогласија 24-часовен национален штрајк. Ќе бидат засегнати државните институции, транспортот, образованието. Се очекуваат масовни протести во Атина и другите поголеми градови. Во Атина е најавен масовен протест на плоштадот Синтагма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
24-часовен штрајк утре во Грција!
Грчките синдикати повикаа на 24-часовен штрајк на…
Грција предлага четиридневна работна недела, но 10-часовен…
Грчкото Министерство за социјални работи презентираше голем…
Грција доделува стипендии за студенти од Македонија
Грчките власти објавија јавен повик за аплицирање…
(Видео) Закинтос во пламен!
Голем пожар ги зафати шумите и населбите…
Цела ноќ борба со пожарите во Грција,…
По жестоката битка со огнената стихија во…